Во Македонија нема производи со коњско месо – вели инспекцијата


На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд „Финдус“, потврдија денешните инспекциски контроли.

1297374486779_ORIGINALКако што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, контролите се спроведени веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзнатата храна од одредени производители, наместо говедско, содржи голем процент коњско месо.

– Во конкретниот случај, не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно со прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите, наведува Агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и со следење на состојбата на европскиот пазар.

Засега е потврдено дека лажно декларирано месо се продавало во Велика Британија, Франција, Шведска, Ирска и Романија, а како што пренесува Би-Би-Си, го имало и на пазарите во уште 11 европски земји.

Се смета дека Кипар и Романија се земјите од каде што потекнува спорното месо. Француската компанија „Поујол“ набавувала од кипарски трговци, а Холандија од две романски месарници. „Поујол“ ја снабдувал луксембуршката фабрика, сопственост на француската групација „Комигел“,  а месото потоа е продавано како дел од готовите замрзнати јадења на шведскиот производител „Финдус“ кој за овој скандал, пак, ги обвинува своите романски добавувачи. Откриено е дека анализираните примероци со „говедско месо“ содржат 60 до 100 отсто коњско месо.

Извор: МИА

КОЊСКО НАМЕСТО ГОВЕДСКО СЕ ПРОДАВАЛО И ВО СУПЕРМАРКЕТИ НА LIDL ВО ГРЦИЈА
ИСПОВЕД НА ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПРОБУВАЛА ХРАНАТА ЗА ОТРОВИ ПРЕД ХИТЛЕР ДА ЈАДЕ (ВИДЕО)
ПРЕДВИДУВАЊА: ДОАЃА ПОСЛЕДНИОТ ПАПА – ЦРНЕЦ, ПРЕД СУДНИОТ ДЕН (ВИДЕО)
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1