Потресна на Наталија Пастернак, која била нападната од мечка во шума во Сибир додека се шетала со пријателката и со нејзиното куче.
Прв пат зборува во јавност за страшната случка која ја доживеа, пренесуваат светските медиуми. Додека Наталија се шетала во шумата била нападната од мечка. Се обидела да избега, но залудно.
„Мечката почна да ми ги кине нозете, а јас се обидов да ја нападнам со се што ми се најде при рака“, открива храбрата жена и додава дека во тој момент посакала да биде мртва отколку да биде инвалид- товар на нејзините деца.
Мечката откако и ги кинела нозете, ја влечела низ шумата, ја покрила со земја и ја оставила за да може подоцна да ја јаде.
За среќа нејзината пријателка која била сведок на случката, повикала помош, а откако помошта пристигнала, Наталија била пренесена во болница, каде целосно се опоравила.
„Сега можам да застанам на нозе и да одам малку со помош на мојата ќерка“, раскажува Наталија.