Истите научници што ја создадоа овцата Доли – направија прасе отпорно на болести


„Прасе 26“, кое пред четири месеци го здогледа светлото на денот на институтот „Рослин“ во Единбург (каде што е родена и овцата Доли), е првото животно создадено со методот корекција на гените. Со примена на новата техника, која е побрза и поефикасна од досегашните, се избегнува една од најголемите причини за загриженост меѓу противниците на генетската модификација, користењето гени отпорни на антибиотици.

svinja_230937S1Прасето е отпорно практично на сите болести. Kако што пренесуваат медиумите, со ова е овозможено набргу да се обезбеди производство на животни, чие месо, млеко и јајца нема да им пренесуваат некакви опасни патологии на луѓето. Kоригирањето на гените е единствен и прецизен процес, во чии рамки се сече дел од ДНK на животните, а потоа во него се вшприцува нов генетски материјал, со што, всушност, се менува една од трите милијарди „букви“ што го прават генот.

Постапката е успешна во 10 до 15 отсто од случаите за разлика од досегашните методи каде што тој процент е помал од еден. Може да се изврши на оплодена јајце-клетка без сложени техники на клонирање. Процесот личи на природна генетска мутација, што ако се направи анализа на ДНK на животното, не би можело да се утврди дали е направена вештачки.

– На некој начин може да се ослободиме од користење гени отпорни на антибиотици, а во некои случаи и од клонирање – вели професорот Брус Вајтло.

„Прасе 26“ е создадено со генот што го прави отпорен на африканската свинска треска, вирус што ги убива европските свињи 24 часа по инфекцијата. Тој ген е земен од африканските диви свињи, кои се природно отпорни на вирусот, но не можат да се парат со европските видови. Професорот Вајтло вели дека слична техника би можела да се примени и за други видови стока, на пример, кравите или овците да станат имуни на цела низа болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1