Исто сценарио за дестабилизација како во 2001


Сценариото за кое предупредуваа Владата, дел од медиумите, аналитичарите и експертите уште пред три месеци, дека се работи за добро осмислен обид за дестабилизација на Македонија со сесрдно логистичко учество на домашни елементи пред се олицетворени во Зоран Заев и тесната клика од раководството на СДСМ околу него и предавничката Соросова фондација, денеска почна да се остварува, пишува Курирzaev-branko-500tbhr5tyh4th4y_thumb_medium500_261

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека Република Македонија, осносно државните институции утринава 2:30 часот биле цел на терористички напад. Поголема група од 40 луѓе влегле во караулата „Гошинце“ на северната граница. Истите биле добро вооружени, говореле албански јазик и носеле ознаки на УЧК. Маскираните и добро вооружени лица заробиле четворица дежурни полицајци кои ги разоружале, врзале, тепале и снимле со камера.

– Преку преведувач кој говорел лош македонски јазик водачот на групата им се обратил на полицајците „Ние сме од УЧК, ниту Ахмети ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакам наша држава и не сакаме никакви охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било друг фатиме повторно, сите ќе ве ликвидираме“, истакна Иво Котевски.

Сценариото идентично како во 2001 година

Сценариото е исто и идентично како во 2001-ва година. Најпрво има криминална операција за незаконско стекнување на приватни прислушувани разговори која е изведена на истиот начин и од истата тројка како и во 2001 година, Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Потоа имaме незаконско објавување на истите тие креирани материјали од страна на претседателот на СДСМ, во 2001 година иако малку поумешно тоа го правеше Бранко Црвенковски, а во 2015 тоа го прави квинслингот Зоран Заев, кој пак од вчера е подржан од Бранко Црвенковски, имено главниот спроведувач на сценариото од 2001.

Се предупредуваше уште пред три месеци, пред Заев да почне со ова срамно одработување против сопствената земја и постојано имаше предупредувања дека целта на овој мрачен лик е да се проба да се ослабе способноста за одбрана и безбедност.

Заев тоа се обиде да го направи преку компромитирање на безбедносните служби, издавање на сензибилни информации за оперативноста на службите и меѓународната соработка на нашата со странски сродни служби, издавање на државни тајни, намалување на моралот на безбедносните сили, создавање на подлога и повикување на конфликтност, нарушување на имиџот на земјата, напади врз правосудните органи, и отворање на простор за радикални сценарија, и сето тоа со креирани, лепени, прелепувани, монтирани материјали и контекст кој тој лично им го даваше а не беше вистинит и реален контекст.

По сето ова одработување на квинслингот Заев како што во 2001 година се случи Танушевци, денес се случува Гошинце.

И денес исто како во 2001 година, се започнува со специјална војна и хушкање базирано на тотално неточни и невистинити тези пласирани од медиумите на СДСМ и срамната Соросова фондација, дека наводно власта се обидува нешто да фингира за да затскрие и потисне нешто друго, што е тотално неточно. Познавачите се децидни дека власта нема никаква причина за така да се однесува бидејќи е во голема политичка предност пред опозицијата, и реализира програма и проекти кои дополнително го зголемуваат тој политички капитал.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1