Источна Македонија масовно на печалба во Италија


Секоја недела по 1.000 жители од Брегалничкиот регион заминуваат во областа Пиемонте во Северна Италија за да заработат за парче леб. Населбите во Истокот се преполовени, останати се само старци

Avtobus-iseluvanja-istocna-makedonija-2Среда наутро. На Автобуската станица во Виница врие како во кошница. Два двоспратни автобуси се полнат со работници секој ден и го започнуваат патешествието долго 2.000 километри да заработат за парче леб.

Дејан Трајанов, од Виничко, два пати годишно го минува „патот на грозјето“, како што на шега го нарекуваат овдешните мештани.

„Сега започнуваат сезонските работи во лозјата во областа Пиемонте близу Милано во Италија. Таму имам сестра и ќе одам кај неа “, вели Трајанов.

По два месеци колку што траат сезонските работи на лозјата, тој ќе се врати во родната Виница. Во септември повторно ќе замине да го обере грозјето. Секоја година во почетокот на Мај, од 3.000-5.000 сезонски работници од Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево заминуваат во Италија.

За заминување под Алпите се подготвува и 36-годишниот Ристе Зашов од Кочанско, но за разлика од Дејан, тој ќе замине 400 километри северно од Пиемонте, на италијанско-швајцарската граница во околината на градот Болцано.

„Во Болцано одам 10 години по ред. Секоја сезона работам кај ист газда, таму сме македонска екипа на работници и целата берба на јаболка и сите други работи околу јаболката ја вршиме ние“, вели Зашов.

Тој додава дека во неговата група работат 9 Македонци, сите од Виничко и Кочани, како и тоа дека сите имаат бугарски пасоши.

Работници заминуваат на работа во Италија, разочарување за исселувањето во Блатец го дели и Стиви Николов,жител на Блатец.

„Од 600 куќи колку што има во селото, дали 10-20 куќи немаат некој иселеник или пак некој што оди и работи како сезонски работник во Италија, Словенија, Швајцарија и Германија“, вели Николов.

Целата репортажа на – Inbox7

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1