Изминатава недела, македонскиот народ беше сведок на крајно нецивилизирано однесување на демонстрантите организирани од невладини и поддржувачи на СДСМ.
Порта Македонија не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември…а ударот со јајца и боја врз ваквите историски и културни обележја е еднаков на удар врз историјата, корените и врз државата.
По однос на ова прашање историчарите и уметниците со едногласна осуда: траба да се однесуваме со почит кон нашата историја и култура, а сквернавањето на културни обележја е неприфатливо.
-Отсекогаш сум ги осудувал тие работи. Треба да се однесуваме со дигнитет кон нашата историја, кон нашите споменици. Малку луѓето потрезвено да размислуваат. Спомениците да бидат повеќе како алка за обединување наместо разединување. Јас ги осудувам сите акти на уништување или сквернавење на било кој споменик од било кој историски период на македонската историја, вели професорот Никола Жеков.
Со нивните изговори дека грда била портата, смета Маријан Камиловски, се само израз во кој доаѓа целиот тој примитивизам во кој се тие школувани и израснати. Тие се израснати со едни девијантни вредности и сега им е тешко да го прифатат она што е нормална вредност во западната цивилизација.
-Јас најстрого го осудувам тој вандализам кој е типичен за крајно примитивни и крајно нецивилизирани луѓе , израз на длабока фрустрација поради нивна лична искомплексираност и неможност да креативно да парираат на тој проект со идеи и тоа за жал е последица на едно долгогодишно идеолошко перење на мозок, вели Камиловски, кој е еден од авторите на Скопје 2014.
Особено значајно е што се удри по егзодусот на Егејците, кој исклучиво беше нападнат при што беа фрлани бои, па се наметнува прашањето на кого му сметаат Македонците од Егејска Македонија.
-Треба да потсетам дека терминот Егејци во негативна конотација е измислица на комунистичката партија која владееше и тие беа со негативен однос кон тие луѓе, како некои дојденци, узурпатори, по принципот раздали па владеј. Тие отсекогаш тоа го практикувале во Македонија, делејќи го Македонците по различни основи и фракции и тоа ден денес го прават.Фала му на Бога денеска фракцијата агресивна е во исклучително во мал број, вели Камиловски.
Воглавно тоа се луѓе од центарот на Скопје каде што всушност и беше сконцентрирана елитата на поранешната југословенска комунистичка партија, а денеска наречена СДСМ, потсетува тој.
-Мене ми е драго што народот е воздржан и што не им возвраќа. Гледате дека крајната цел е да се испровоцира широка коалиција а тоа е единствен начин тие да дојдат на власт затоа што на слободни избори тие ќе изгубат. А за да се случи широка коалиција треба да се случат насилства кои би биле изговор за странските сили да вршат притисок за широка коалиција. Помалку или повеќе една варијантана на 2001 година, само што овој пат да се судриме сами против себе. Но јас мислам дека тоа нема да пројде бидејќи Македонците покажа едно високо ниво на свесност за ова што се случува и гледам дека се отфрла таа нивна пропаганда, заклучува Камиловски.
Курир.мк