Историски ден: САД и Куба ги обновуваат дипломатските односи


Официјално САД и Куба денеска ги обновуваат меѓусебните дипломатски односи, прекинати пред 54 години.

Во 14:30 часот по Гринич кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес ќе присуствува на свечена церемонија за поставување на кубанското знаме во Вашингтон. Cuba-Usa

Овој симболичен настан ќе биде проследен од 45-минутна средба во Стејт департментот меѓу Родригес и американскиот државен секретар Џон Кери.

Во американскиот Стејт департмент, исто така, ќе биде поставено кубанското знаме меѓу знамињата на земјите со кои САД имаат дипломатски односи.

Над 500 лица ќе присуствуваат на настаните во Вашингтон по повод отворањето на кубанската дипломатска мисија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1