Истрага на ФБИ за нивната преведувачка која се омажи за џихадист на ИД


Американското ФБИ го потврди откритието на Си-Ен-Ен за тоа дека една нивна службена преведувачка, тајно престојувала во Сирија, каде се омажила за џихадист на групата Исламска држава (ИД) и потоа се вратила во САД.

ФБИ соопшти дека е покрената обемна истрага за овој инцидент што се обелоденува по три години, со нова детална проверка на идентитетот на ангажираните лица и со засилување на безбедносните мерки, против сите пропусти.daniela-grin

Преведувачката Даниела Грин (38) која е родена во поранешна Чехословачка и зборува германски јазик, работела во одделението на ФБИ во Детроит.

Во јануари 2014 година, како преведувачка, била вклучена во истрагата за Денис Касперт, германски рапер кој преминал во ислам , а потоа станал и припадник на џихадистичката, терористичка ИД.

Во средината на истата таа година, Грин ги излажала своите шефови во ФБИ, барајќи дозвола да отсуствува од работа, за наводно да ги посети своите родители во Германија. Наместо тоа, преку Турција, таа се префрлила во Сирија, каде се омажила за џихадистот Касперт и извесно време останала меѓу припадниците на терористичката група.
Кога подоцна се вратила во САД, каде била уапсена и осудена на две години затвор.

Судијата во процесот наложил нејзниниот случај да остане тајна за јавноста, но Си-Ен-Ен објави опширна телевизиска приказна за Грин и нејзнинит сопруг џихадист на ИД, откако еден федерален суд ја поништи првостепената одлука.

Во февруари 2015 година, американските власти го прогласија сопругот на поранешната преведувачка на ФБИ, за специјално подготвен глобален терорист.

Во едно пропагандно видео на ИД, Касперт е прикажан како позира со човечка глава на штотуку егзекутиран заробеник на џихадистите.
Медиумите во САД го прогласија за мртов, убиен во воздушен напад врз позициите на ИД, но се покажа дека таа информација не е точна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1