Неидентификуваниот летачки објект прелетал под патнички авион, кој превезувал 200 лица.
Airbus A320 со 220 патници се подготвувал за слетување на аеродром во Глазгов кога НЛО пролетел околу 90 метри под него. Пилотите изјавиле дека за влакно не се судрлиле со летечкиот објект, пишува Би-би-си. Интересно е што објектот кој го виделе пилотите не се покажал на радарот.
Пилотите забележале само дека објектот бил со сино-жолта боја, и дека имал мал преден дел. Одборот на Еирпрокс Боард кој ја истражуваше оваа случка за тоа како патничкиот авион за малку ќе се судрел со НЛО не можеле да објаснат што е точно „сино-жолтиот“ објект кој прелетал под авионот.
„Помина на само стотина метри под нас. Не можам да кажам точно во кој правец, но знам дека во еден момент беше точно под нас.“, изјавува еден од пилотите.