Истражниот судија предвреме заминал од местото на сообраќајката на Младенов


Истражниот судија што во средата бил задолжен да ја спроведува истрагата за сообраќајката во која животот го загуби новинарот и основач на „Фокус“, Никола Младенов, предвреме го напуштил местото на настанот и целата работа им ја препуштил на сообраќајните полицајци – објавува „Нова Македонија“ на утрешната насловна страница.

soobrkjajka mladenovВесникот се повикува на информации добиени од учесници во тимот истражители, односно полицајци, кои тврделе дека судијата од Основниот суд Скопје 1 не покажал голема заинтересираност за случајот.

„Тој не дал наредба што да се прави, ниту што да се земе како доказ. Се што собрале истражителите од полицијата, сработиле „на своја рака“ – пишува весникот.

„Од нестручност или од незнаење ништо конкретно не ни рече. Направи два-три круга, долу во бездната крај „мерцедесот“, а потоа си замина. Рече дека немал искуство со вакви работи“, вели соговорникот за Нова Македонија кој бил дел од полицискиот тим истражители.

mladenov-nesrekaКамерите од патарината кај Петровец биле извадени, а такви немало ниту на патарините Сопот и Отовица. Весникот пишува дека портпаролот на кривичниот суд Скопје 1, истражниот судија Владимир Туфегџиќ, вели дека не постои можност истражниот судија што работи на случајот да спроведе уште еден увид на самото место за истата сообраќајна незгода.

Мобилниот телефон на Никола Младенов сеуште не е пронајден. Според сознанијата на Нова Македонија, Младенов бил лоциран според приклучокот на неговиот телефон на базната станица во с. Трубарево, но истражителите не го откриле апаратот на местото на трагедијата. Истражителите оставаат простор телефонот да го пронајдат во остатоците од „мерцедесот“, кој допрва ќе се вештачи.

Претходно весникот напиша дека Младенов речиси три и пол часа минал возејќи се со својот „мерцедес“ на автопатот од Скопје до Велес и назад, делница што ја минал двапати од моментот кога излегол од дома, се до трагичниот миг кога се случила сообраќајната несреќа.

Целосниот текст можете да го прочитате во најновиот број на весникот Нова Македонија.

Нова Македонија веќе објави дека Малденов свртел 2 круга од Скопје при што вториот круг траел 25 минути подолго.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1