Истражување: Која вода е почиста, флашираната или од чешма?


Можеби ќе ве изненади фактот дека флашираната вода всушност е потполно иста како и водата од чешма. Истражувањата покажуваат дека дури 25% од флашираните води на пазарот се всушност вода од чешма.

Како може да ја препознаете разликата?

flasirana-voda-vs-cesma-564x272Експерти истакнуваат дека тоа не е секогаш така лесно. Она што треба да го имате на ум е БПА (bisfenol A), хемиско соединение кое го пронаоаѓаме во голем број пластични производи. Резултатите се од истражување на тема пластични шишиња, пренесува РТРС.

Некои резултати покажуваат дека се целосно безбедни, додека некои покажуваат дека изложеноста на хемиските соединенија од пластичните шишиња може да предизвика оштетување на забниот глеѓ, намалување на сексуалниот нагон и да зголемување на ризикот од дебелеење.

Постои уште една причина зошто би било подобро да се пие вода од чешма, особено ако сте обожавател на флаширана вода со вкус. Тие често содржат вештачки засладувачи кои може да доведат до инсулинска резистенција и дијабетес.

Експертите велат дека  е најдобро да се пие флаширана вода која се филтрира. На овој начин сте сосема сигурни дека водата е здрава и ќе знаете што точно внесувате во организмот.

Во некои земји не е безбедно да се пие вода од чешма. Во нашата област се уште тоа не е проблем, но важно е да се разгледа квалитетот на водоводни цевки кои можат да содржат штетни соединенија.

Ако сте обожавател на флаширана вода, добро се осигурајте дека содржат само вода, никакви други состојки. Побарајте шишиња кои не содржат БПА или изберете стаклени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1