Истражување: Работниот ден треба да трае три часа


Едно британско истражување кое опфатило 1.989 службеници кои работат во канцеларија, покажа дека вообичаениот осум часовен работен ден е непотребно долг, зашто тие се продуктивни само два часа и 53 минути од нив, пишува „Дејли мирор”.

Другиот дел од времето, луѓето го минуваат на интернет (еден час и 45 минути, во просек), или во разговор со колегите (40 минути), велат резултатите од анкетата на компанијата „Ваучер клауд”.

Паузите за кафе траат просечно по 17 минути, додека оние за пушење – 23 минути. Разговорите по телефон одземаат 18 минути, а четот – 14 минути. За ручекот, на еден канцелариски работник му требаат околу 15 минути.

Има и такви кои си бараат нова работа, и тоа им одзема 26 минути дневно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1