Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“ победија на Евровизија 2021 година.
Победникот освои 524 гласа, на второ место е Франција, а трета Швајцарија
Борбата за победничкото место се водеше меѓу Швајцарија, Франција и Италија. Според гласовите од телевоутингот и публиката, нула поени освоија Велика Британија, Германија, Шпанија…
Ова е трета победа за Италија на Евровизија. Во 1965 победи Чиљола Чиквети со песната „Немам доволно години“ и Тото Котуњо во 1990 во тогашна Југославија, во Загреб, со песната „Заедно“.
„Манескин“ е италијанска рок-група од Рим, која е составена од пејачот Дамиано Давид, басистот Викторија де Анџелис, гитаристот Томас Раџи и тапанарот Итан Торкио. Тие се поранешни учесници во „Х Фактор“ и се прославија пред четири години. Стасаа до второто место, кое пак им донесе договор со „Сони мјузик“, за кого го издаоа и својот прв албум.
Учеството на Евросонг е благодарение на победата на италијанскиот познат фестивал Сан Ремо, чиј победник од овој фестивал заминува да ја претставува Италија на Евросонг.
Рокенролот никогаш нема да умре – беше пораката што ја испрати фронтменот на групата „Манескин“, веднаш откако музичарите од Италија беа претставени како победници.
Второ место и припадна на Франција и прекрасната Барбара Прави со маестралната изведба на нејзината песна Воала, која за само 25 поени го загуби првото место.
Трето пласиран заврши претсатвникот на Швајцарија, кој освои најголема поддршка од стручното жири, но не беше доволно да го задржи првото место.