Еден италијански свештеник објавил текст во кој тврди дека жените делумно се виновни за семејното насилство, поради тоа што не ја чистат куќата, не готват како што треба и носат провокативна облека.
Свештеникот Пјеро Корзи на огласната табла на црква која е под негов надзор, во селото Сан Теренцо ди Леричи на северот од Италија, закачил текст на кој се наведува дека жените би требало да се вклучат во „здрава самокритичност“ по прашањето на „фемицид“, или убивање на жените од страна на мажите.
Домашното насилство над жените е сериозен проблем во Италија, иако во извештајот кој го објавиле ОН во јуни, е наведено дека истото воглавно е невидливо и недоволно се пријавува.
Во текстот, кој на интернет го има поставено конзервативниот католик Бруно Волпе, свештеник кој ја критикува порнографијата и еротските ТВ реклами, тврди дека жените треба да ја поделат вината за идните најлоши нагони, кои потоа прераснуваат во насилство и сексуално злоставување.
Свештеникот Корзи смета дека суштината на проблемот, е во тоа што жените се се повеќе провокативни и арогантни и мислат дека можат се сами, за да на крајот на тензијата доаѓа до насилие.
„Оставени бебиња, нечиста куќа, ладни јадења, брзата храна за ручек и исфлеканата облека. Ако семејството западне во хаос и настане злочин, одговорноста е заедничка“, се наведува во текстот.
Претседателот на општината Лериќи Марко Калури, изјавил дека овој напис е длабоко навредлив, а бискупот во тој регион наредил да се отстрани од огласната табла, поради неприфатливите ставови, кои што се косат со генералните ставови на Црквата.
Една третина од жените во Италија, се жртви на сериозни конфликти на семејно насилство како што е наведено во извештајот на ОН, кои се повикува на податоците на италијанската служба за статистика ISTAT.
Според извештајот, мажите убиле 127 жени во 2010 година, често како резултат на повредување на честа, навработеноста или љубомората.