Италијанскиот град кој исчезна: Трогателни фотографии по силниот земјотрес кој сè уништи


Земјотресот е регистриран во 3:36 часот во област која се наоѓа на 170 километри од Рим, а се почувствувал и на широко подрачје во средината на Италија.italija-zemjotres1

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава планинскиот дел на централна Италија, во кој според локалните медиуми, најмалку 21 лице загинаа.

Земјотресот предизивикал и огромни материјални штети, а најпогодени се селата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто. Првиот потрес е забележан по 3:30 часот, соопшти Американскиот геолошки завод, додека еден час подоцна следен уште еден со јачина од 5,4 степени.italija-zemjotres7-640x426

Земјотресот бил толку силен што ги разбудил жителите од центарот на Рим. Италијанскиот институт за земјотреси, пак, регистрирал 60 последователни потреси во текот на четри часа по првиот удар.

Срушени се многу згради, а се работи на расчистување на рушевините и пронаоѓање на евентуални нови жртви.Првите жртви од земјотресот се постари маж и жена чија куќа се срушила. Алесандро Петручи, градоначалник на Арквата дел Тронто истакнал дека едно Пескара е едно од трите села кои се целосно уништени. Пријавена е смрт кај едно лице во Акумоли, додека две тела се извадени од рушевина на зграда во Аматриче.italija-zemjotres6-640x399

Петручи додал дека уште четири лица се затрупани под урнатините и не се одзиваат на повиците на жителите кои се обидуваат да ги извлечат.

-Половина село исчезна, изјави градоначалникот на Аматриче Серџо Пироци кој наведува дека пристапот кон селото е блокиран поради што спасувачките екипи не можат да дојдат.italija-zemjotres9-640x426 italija-zemjotres8-640x453 italija-zemjotres4-640x487

-На едниот пат има одрон, а на другиот мостот само што не се срушил. Слушаме гласови на луѓе под рушевините, вели Пироци за италијанските медиуми.

Италија е една од сеизмички најактивните земји во Европа, наведува Ројтерс потсетувајќи дека најпогубниот земјотрес од почетокот на 20 век бил во 1908 година кога загинале 80.000 луѓе. Последниот голем земјотрес бил забележан во 2009 година кога животот го загубиле 300 лица.italija-zemjotres4-640x487 italija-zemjotres2-640x360 italija-zemjotres5-640x376 italija-zemjotres-1-640x447

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1