Временска прогноза за следниве денови


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.oblaci sonce vreme mk

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ ­индексот ќе изнесува 4. И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер.

Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1