Итно оперирана ќерката на хрватската претседателка Грабар Китаровиќ


Хрватската лизгачка Катарина Китаровиќ (17), ќерка на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, во четвртокот како итен случај завршила во една болница во Загреб поради слепо црево.

Катарина веднаш била оперирана и во моментов заздравува. Според пишувањето на порталот 24 сата, немало никакви компликации и младата спортистка се чувствува добро.

Ќерката на Колинда реди успеси на меѓународните натпреварувања во уметничко лизгање и важи за една од најталентираните уметнички на мраз на овие простори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1