Вчеравечер во еден белградски ресторан по расправија со неколку луѓе бил претепан Хасан Дудиќ.
Пејачот е примен на Воено медицинска академија. Нему му се санирани повреди и пуштен е на домашно лекување.
Потсетуваме, Хасан беше исфрлен од реалното шоу Парови бидејќи ја тепаше Јелена Голубовиќ.
Дудиќ најпрво ја влечел Јелена за коса, а потоа ја удирал со тупаници. Тоа не му беше доволно па кога паднала на земја ја шутирал во главата. По нападот обезбедувањето го исфрли Дудиќ од куќата, а беше сослушан и од полиција по што бил пуштен.
Јелена Голубовиќ е решена по излегувањето од Парови да го испрати Хасан Дудиќ во затвор поради насилството кое го преживеала од него на Велика сабота. Режисерката изјавила за медиумите дека поради неговите удири трпела силни болки.