Иванов го врати договорот до парламентот без потпис, смета дека за потпишувањето се лежи затвор


Иванов не го потпиша указот на законот за ратификација на Договорот со Грција и го врати во парламентот. Во пропратното писмо до Талат Џафери наведува пет причини зошто се решил на ваков чекор.

Прво, во изборната програма со која победил во 2014 година ветил дека не прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име

Второ, Договорот е надвор од резолуциите на ОН дека ќе се разговара за разлика околу името на државата (не разлики)

Трето, Спогодбата нема уставна основа

Четврто, Догворот е спртивен на три члена на Уставот, главно дека договорите во име на РМ ги склучува шефот на државата, по исклучок Владата кога тоа е предивдено со закон

Петто, дека Спогодбата ја доведува РМ во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, за што според Кривичниот зкаоник е кривично дело за кое е предивдено казна од најмалку 5 години затвор.

На ваквите ставови на Иванов веднаш реагираа од Владата. Од таму сметаат дека реакцијата на Иванов е очекувана, но тоа нема да ја спречи имплементацијата на Договорот со Грција.

– Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, посочува владиниот портпарол Миле Бошњаковски за МИА.

Од Владата повторуваат дека волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти без разлика која форма ќе го има изјаснувањето на граѓаните.

Партиите од владејачкото мнозинство планираат импичмент на Иванов, или пак, мислење од Уставниот суд.

– Прашањето може да го поставиме и вака: Дали претседателот, ставајќи се во интерес на други центри на моќ, не станува очничар на евроатлантската иднина на земјата и нели, може овој член да се однесува и на Претседателот на републиката, изјави Ременски

– Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпаторот кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието,изјави Груби

Според најавите, ратификацијата ќе се најде повторно пред пратениците кон крајот на наредната недела. За да помине по вторпат ќе бидат потребни минимум 61 глас за, гласови што Заев ги има во парламентот. По тоа, Иванов е должен да го потпише указот, но нема рок кога тоа да го направи. Со ова се отвора можност за ново џебно вето на претседателот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1