Иванов им го честита на граѓаните Денот на македонската револуционерна борба


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Ден на Македонската револуционерна борба, во која истакнува дека одбележувањето на празникот е симбол на долговековниот непокор и борба на македонскиот народ за слобода, државност и независност.

– Корените на македонската револуционерна борба започнуваат со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 октомври 1893 година, кога шестемина македонски дејци ги обедини една визија за исполнување на вековниот сон – слободна Македонија. Патот до слободата беше исполнет со предизвици, но нивната сплотеност и решителност за остварување на своите идеали им даде сила да истраат пред тешкотиите. Пламенот што го разгореа револуционерите го презедоа илинденците, борците во Народноослободителната и антифашистичка борба и АСНОМ-ците кои го остварија стремежот за слободна македонска држава. Без 23 октомври 1893-та, не ќе беа можни ниту трите светли Илиндени од 1903-та, 1944-та и 1991-та, пишува во шеститката на Иванов.

Наша должност, додава Иванов, е да им оддадеме почит на нашите борци за слобода и независност, следејќи го нивниот пат.

– Како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја историската реалност, треба да создадеме иднина за нашите потомци, пишува во честитката на претседателот на државата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1