Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов категорично одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за определување на мерка притвор против Миле Јанакиески.
„Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со Претседателот Иванов која е одржана на 13.11.2018 година, вторник во 16:00 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. На средбата, воопшто не беа дискутирани темите амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту пак темата аболиција“, се вели во сооштението испратено од кабинето на Ѓорге Иванов.