Иванов: Може да биде оспорена одлуката донесена без почитување на роковите


По изборите бевме непријатно изненадени од една постизборна политичка платформа од туѓа држава, рече Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање.gjorgje ivanov

– Платформата е постизборен документ изработен и потпишан во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Содржината на платформата е надвор и од Уставот и од Охридскиот рамковен договор, рече претседателот.

Процесот на пост-изборно коалицирање и формирање на нова Влада, истакна Иванов, стана заложник на оваа пост-изборна платформа од туѓа држава.

– Наместо конечно да излеземе од политичката криза, поради оваа платформа ние за жал заглавуваме во уште подлабока криза во која се доведоа во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани, рече тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1