Иванов: Никола ти благодарам


На овие избори победи демократијата, граѓаните, победи Македонија.

gjorgje ivanovИмавме мирни, фер и демократски избори, како што прилега на европска Македонија. Гласот за коалицијата за подобра Македонија е глас за иднината на Македонија, изјави Ѓорѓе Иванов, кој рече дека бил и ќе остане претседател на сите граѓани.

Од утре нема победници и поразени, има работа и само работа, изјави Иванов и ги повика сите граѓани на Македонија, заедно да работат за државата за да продолжи по патот на напредокот, рече Иванов

„Институциите не можат без граѓаните и затоа ќе работам да ги бранам вашите интерес. На Македонија и е потребен секој граѓанин , но и конструктивна опозиција“, рече Иванов, кој се заблагодари на соработката со премиерот Никола Груевски кој, како што рече, му е огромна поддршка. .

– Никола ти благодарам“, изјави Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1