ВМРО-ДПМНЕ со 7 пратеници повеќе, СДСМ со 8 помалку


На предвремените парламентарни избори, според Државната изборна комисија, од обработените податоци од 3.045 од вкупно 3.514 избирачки места во Република Македонија, односно 86% од вкупниот број, во водство е коалицијата “За подобра Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со 396.213 гласа или 43,2% проценти од гласовите.

dik izboriСДСМ и коалицијата освоиле 225.845 гласови или 24,6% проценти, ДУИ 128.489 или 14,02 проценти од преброените гласови и ДПА 55.290 гласови, односно 6,00 проценти.
Податоците од овие избирачки места покажуваат дека ГРОМ освоил 25.889 гласови или 2,63 проценти од гласовите.

Државната изборна комисија досега обработи 85 отсто од гласовите, кои ако веднаш се преработат во пратенички места, новиот состав на Собранието на Република Македонија ќе изгледа вака: ВМРО-ДПМНЕ ќе има 63 пратенички места, СДСМ – 34, ДУИ – 18, ДПА – 6, НДП – 1, ГРОМ – 1.

Или ако резултатите се споредат со резултатите на освоени пратенички места од 2011 година, тогаш излегува дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ добива 7 пратеници повеќе, СДСМ губи 8, ДУИ добива три повеќе, а ДПА губи две пратенички места.
Според првичните проекции, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 60 пратенички места, плус три од дијаспората.

Vecer

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1