Иванов: Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава


Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на Фејсбук упати честитка од македонскиот народ по повод големиот државен празник Илинден.

„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.

Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.

Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.

Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.

Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.

Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.

Честит Илинден.
Вечна Македонија“, напиша Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1