Иванов се пожали пред папата: Доаѓате во време кога македонската држава е тешко ранета


Претседателот, Ѓорге Иванов, го пречека папата Франциск во претседателската вила Водно каде се обрати на свечена церемонија и порача дека присуството на папата може да помогне, како што рече, во духовната обнова на земјата. Тој државата ја ословуваше како Република Македонија, неупотребувајќи го новото уставно име, а зборуваше и за актуелната политичка ситуација, нарекувајќи ја неизвесна сегашност.

-Доѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања и изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениската блокада на нашиот европски пат доведе до политички и морални кризи кои го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајните вредности. Црквата и џамијата служат за злоупотреби како граничници, тврдини за маркирање и бранење на замислени територии, како да се заборава дека сите ние сме луѓе без разлика на нашата вера – рече Иванов.

Тој додаде дека иако е православен христијанин, ги претставува сите граѓани, независно од нивната религија.

-Затоа како Македонец замолив да дојдете во Македонија и да ни помогнете во духовната обнова на нашата татковина. Вие не потсетувате дека иако нашата љубов кон Бога е променлива, божјата љубов е трајна. Го симболизирате патот на милоста, понизноста, што треба да го следиме ние тука во Република Македонија. Само така ќе можеме да им оставиме подобра иднина на младите и сеуште неродените – порача Иванов.

Претседателот на крајот од својот говор испрати повик до граѓаните.

-Сакам да упатам повик до сите мои сограѓани, до сите со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат кон православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, дали се муслимани, евреи или атеисти, ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна, рече претседателот Иванов.

Тој кажа дека на овие вредности потсетува токму папата Франциск, кој, како што рече, симболично го повторува чинот што го направил Исус по Тајната вечера, свесен за искушенијата и маките кои го чекаат, понизно миејќи ги нозете на своите следбеници.

-Вие се наведнувате да им ги измиете нозете на болните и сиромашните, на затворениците и бегалците, на гладните и жедните, на отфрлените и маргинализираните независно дали се христијани, муслимани евреи, хиндуси, будисти, атеисти… Верувам дека вашите дела не се уште еден истрошен симбол напротив вие, не потсетувате дека иако нашата човечка љубов кон бога и кон луѓето е променлива божјата љубов и верност кон на служето е трајна, рече Иванов.

Со тоа, додаде, вие го симболизирате патот на љубовта, милоста, понизноста и служењето.

-Тоа е пат што треба да го следиме и ние тука во Македонија Независно од нашата вера или идеологија. Само така ќе може да им оставиме подобра иднина на младите и се уште не родените, рече Иванов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1