Иванов: УБК е жариште на кризите во Македонија


Претседателот Ѓорѓе Иванов во новогодишното обраќање пред пратениците денеска се осврна и на реформите и законите кои се носат. Тој кажа дека лошото функционирање на механизмот за надзор на УБК и самата институција се главното жариште за кризите во Македонија.

– Причините за долготрајниот скандал можат да се бараат како во УБК и така и во лошото функционирање на механизмот за надзор. Жариштето е лоцирано на едно место, а тоа е УБК и одделот за техничка поддршка. Од 2015 до денес не се имплементирани препораките, тоа е основа да се сомневаме дека сè уште постои злоупотреба на системот, дека сè уште се монтираат случаи – рече Иванов.

Тој предлага, додека се најде трајно решение и се имплементира нов модел, раководството во МВР да иницира промени со измени во Законот за внатрешни работи и измена на актите со кои се пропишува систематизација на работните места. Исто така, посочи тој, може Одделот за техничка поддршка да се извади од УБК и да функционира како самостојно тело во МВР.

– Ако навистина сакаме да се помириме треба да вложиме енергија во системските реформи согласно препораките на Прибе. Очекувам Владата и Собранието да го проучат извештајот и да ги применат препораките. Ќе ве потсетам дека ЕУ не бара реваншизам, туку реформи – порача претседателот Иванов.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1