Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов утре ќе го посети Министерството за внатрешни работи.
Според најавата од Министерството, Иванов ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорите на Бирото за јавна безбедност и управата за безбедност и контраразузнавање, Горанчо Савовски и Љупчо Андоновски.
Предвидено е Иванов, заедно со Чавков и потесниот колегиум да одржи и состаноци со колегиумите на Јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање.