Иванов: Во Македонија нема да има бегалски кампови


Идејата на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц за формирање центри за бегалците во некоја од земјите од Западен Балкан, наместо во држави членки на Европската Унија, наиде на отпор кај македонскиот државен врв.

Претседателот Иванов потврди дека во земјава нема да има бегалски кампови и дека Република Македонија останува на ставот изнесен на состанокот на шефови на држави и влади во Брисел во октомври 2015 година.migranti-grcija-640x294

„Во однос на мигрантската криза, Република Македонија како и досега, така и во иднина, ќе дејствува за да ја заштити својата националната безбедност. Секое решение кое вклучува згрижување на мигранти во балканските држави кои не се членки на ЕУ, нема да биде одржливо, бидејќи тие земји немаа капацитет и ресурси да се справат со очекуваниот прилив на мигранти. Во таков случај, многу веројатно е дека би се довела во прашање и стабилноста на државата. Оттука, не смее да се дозволи создавање на бегалски кампови во Балканските држави кои не се членки на ЕУ. Република Македонија останува на ставот дека треба да се создадат безбедни зони и првични центри за прием, како и да се овозможи сигурност и хуманитарна помош што е можно поблиску до местата на потекло на кризите. Република Македонија е транзитна земја и бегалски кампови нема да има“, се вели во реакцијата на Кабинетот на шефот на државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1