ИВАНОВСКИ ДО ГРУЕВСКИ: Многу луѓе носите на душа! (ВИДЕО)


Пратеникот од опозицијата Игор Ивановски, држејќи фотографија од новинарот Томислав Кежаровски и претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, го праша премиерот Никола Груевски, кој ќе одговара за лажната донација на Самоил Малчевски.

kezo-sipo– Малчевски тврдеше дека тој и неговото семејство не дале ниту денар за кампањата на владејачката партија, иако во извештајот за донатори на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ја финансирале со 550.000 денари. Ова е изборна измама и фалсификување на извештајот на партијата, рече Ивановски.

Тој рече дека новинарот Кежаровски имал грев дека пишувал против власта, а Шиповиќ дека го победил Груевски на избори.

Ивановски му кажа на Груевски дека носи на душа многу луѓе, бидејќи многумина лежеле во притвор без докази.

Груевски ги отфрли обвинувањата.

видео А1он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1