Изјави по лидерската средба кај претседателот Пендаровски (ВО ЖИВО)


По лидерската средба која се одржа во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, партиските челници, како и Пендаровски ќе дадат изјави за медиумите.

На лидерската средба главна тема беа предвремените парламентарни избори, односно датумот за одржување на истите, кои беа одложени поради кризата со коронавирусот.

На средбата присуствуваа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата, исто така, беа поканети и присутни, претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Мерките кои се донесени за превенција од коронавирусот на средбата се запазени, а истата се одржува на отворено под тенда, на балконот од Вилата Водно. Сите учесници на средбата ноеа маски и седеа на растојание еден од друг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1