Снимањето на минатата емисија „Ѕвездите на Гранд“ помина во една напната атмосвера. Имено членовите на жирито, Аца Лукас и Драган Стојковиќ Босанац за малку само што не се истепале, затоа што хармоникашот го навреди популарниот пејач.
-Вие како сакате, ама јас не се слагам да помине овој кандидат. Друго не знам дали Аца е толку компетентен да коментира нечие пеење – рече Босанац.
По таа негова изјава Саша Поповиќ наложи да се исклучат камерите, а пејачот почна да вика на композиторот:
-Кој си бе ти? Сега ќе те искршам. Кој си бе ти мене вака да ми одговараш: Мамлазу! – викаше Лукас на Босанац.
За тоа време Поповиќ и останатите членови на жирито застанаа меѓу нив за да се спречи поголем инцидент.