Најмалку двајца бомбаши-самоубијци се обиделе да влезат на Националниот стадион во Париз за време на натпреварот Франција – Германија и да предизвикаат многу поголемо крвопролевања, информираат локалните медиуми.
За време на рутинската контрола безбедносните органи кај бомбашот самоубиец го забележале неговиот елек полн со експлозив. Терористот се обидел да влезе на стадионот петнаесет минути пред почетокот на средбата.
Откако бил откриен, почнал да бега од полицијата, а потоа веднаш го детонирал елекот кој за среќа никој не повредил освен него.
Три минути по детонацијата и уште едно лице се разнело во близина на стадионот, додека третиот бомбаш-самоубиец го активирал експлозив во близина на ресторан.