Двајца непознати разбојници го начекале охриѓанецот пред банкомат кај Транспортен центар, со нож му нанеле убод во левата рака и му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари.
Според МВР, вчера околу 18,30 часот, на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на железничката станица во Скопје, две лица извршиле разбојништво над М.С.(23) од Охрид.
Откако истиот од банкомат извадил пари, тие физички го нападнале и со нож му нанеле убод во левата рака, му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари и се дале во бегство.
Полициската станица во Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителите.