Девојче исчезнато пред 9 год – пронајдена со маж и 3 деца во Мексико (Видео)


isceznato devojce

Американската тинејџерка Кони Лин Мекалистер имала само 16 години кога во 2004 година исчезнала од родното гратче во Висконсин.

Кони Лин сега има 25 години, пронајдена е 9 години подоцна жива и здрава во Мексико и тоа со сопруг и три деца!

Кони Лин  раскажала дека на денот на исчезнувањето со момчето отишла на забава и претпоставува дека таа вечер некој нешто и’ ставил во пијалакот по што се разбудила во Мексико.

connie

Целата приказна за нејзиното исчезнување е нејасна бидејќи на полицајците прво им рекла дека своеволно заминала со тогашното момче.

Додека нејзината мајка пак во полиција тогаш потврдила дека неколку дена после исчезнувањето се слушнала со ќерка и’ која преку телефон и кажала дека е добро, но не сакала да и’ каже каде е.

Отогаш траела потрагата по девојчето.

Таа сама неодамна  се јавила на полицијата во своето родно гратче, а нејзиниот идентитет е потврден после разговор со неа на Скајп. Исчезнатата сега ги чека сите неопходни документи за да може со своите деца, мексикански државјани, да влезе во САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1