Избори: Броење на гласовите, соопштување на резултатите, рокови за жалби


Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна 12 часа по завршувањето на гласањето.

ДИК првичните резултати од гласањето за претседател на Република Македонија добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

kutii izboriДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Жалби

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 48 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија, кој пак по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Управниот суд по тужбата решава во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка на јавна седница. Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, на ДИК и ОИК и на друг соодветен начин. Ако одлуката се однесува на одредено дејствие на ИО, а процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање. /МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1