Избори Косово: Вo предност Демократскиот сојуз на Косово


Врз основа на 40 проценти од преброените гласови на предвремените парламентарни избори во Косово покажуваат дека во водство е ДСК на Иса Мустафа со 25,28%. Следува Самоопределување, со 24,03% и ДПК на Хашм Тачи, со освоени 22,28%. Коалицијата на Рамуш Харадинај досега има освоено 12,66% од гласовите, пренесува РТС.

Косовската центрана изборна комисија, на основана преброени 40 отсто од гласовите објави дека најмногу гласови на предвремените парламентарни избори досега има Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа -25,28 отсто, следува Самоопределување со 24,03 отсто, ДПК на Хашим Тачи со 22,82. Коалицијата на Рамуш Харадинај освоила 12,66 отсто од гласовите. Српската листа ги очекува сите 10 места во Парламентот, загарантирани за Србите. Излезноста била 44,19 отсто.

Во меѓувреме и Самоопределување на Албин Курти, и Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа и Демократската партија на Косово на Кадри Вејсели прогласија победа.

Најголема излезност има во општините со српско мнозинско население, објавено е на сајтот на Централната изборна комисија – Зубин Поток со 57,31 отсто од гласачите, Штрбце со 55,18 отсто, потоа Клокот со 51,91, Ново Брдо со 51,86, Звечан со 51,63 и Ранилуг со 51,20 отсто. Потоа следуваат општините Лепосавиќ со 46,84 отсто, Партеш со 45,96, Грачаница со 44,82 и Северна Митровица.

Српскиот председател Александар Вучиќ на прес конференција вечерва рече дека Српската листа остварила најубедлива победу во историјата на изборите на Косово.

Српската листа во српските средини освоила 98,07 отсто гласовите, рече Вучиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1