Избори на 12 април, Собранието се распушти со 108 гласови „ЗА“


Изборите ќе се одржат на 12 април, Собранието со 108 гласови „ЗА“ ја донесе одлуката за самораспуштање.

Овие избори се последица на недобивањето на датум за преговори од ЕУ во Октомври минатата година. Незадоволството во јавноста беше големо затоа што земјата го смени името со договорот со Грција што беше услов за преговори но поради француското барање за нова методологија за проширување на Унијата Северна Македонија и Албанија не добија зелено светло за преговори.

Во текот на последниот собраниски ден пратениците при повтореното гласање го донесоа Законот за Јавното обвинителство, на што реагираа од ВМРО-ДПМНЕ дека е прекршена деловничката процедура.

Во мегувреме беа донесени и уште неколку важни закони. Пред распуштање Собранието ги донесе измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Последниот работен ден на пратениците мина во тензична атмосфера.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека земјава се наоѓа во тешка политичка криза и хаос, затоа што, како што оцени, сведоци сме на невидени криминали.

Само пред неколку часа сите бевме сведоци на суспендирање на демократијата и правдата, со нерегуларното гласање за Законот за ЈО. Сите граѓани, во овие три години, на своја кожа почувствуваа што значи кога СДСМ ја има целата власт во Македонија. Многу криминали, промена на името на државата и на Уставот, голем број на нерешени убиства, насилничко носење на голем број законски решенија, газење на угледот на државата, задушување на слободното новинарство…,

Прв и последен говореше спикерот Талат Џафери. Првиот пат како предлагач на точката за распуштање на парламентот, а вториот пат како претставник на пратеничката група на ДУИ. Тој рече дека и сега го носи истиот костум, како и денот кога беше избран за прв парламентарец – на 27 април 2017 година.

Не ги изневеривме нашите гласачи. Едно од ветувањата што им ги дадовме беше токму мојот избор на чело на Собранието како прв Албанец на таа функција во независноста. Ветивме и регулирање на употребата на албанскиот јазик. Северна Македонија наскоро ќе биде членка на НАТО, а во очекување е и на одлука за почеток на преговори со ЕУ, рече Џафери.

Тој му се обрати и на лидерот на ДУИ Али Ахмети, посочувајќи дека 10 минути говор се малку за да се наброи што се оваа партија остварила од своите програмски определби. Рече дека на изборите очекува дека ДУИ повторно ќе добие легитимитет за да продолжи со исполнување на партиската програма, за добро на граѓаните.

Овој состав на Собранието беше конституиран по изборите на 11 декември 2016 година и го обележаа неколку драматични и историски моменти.
– На 27 април 2017, по изборот на Талат Џафери за негов претседател, се случи организираниот напад на Собранието, во кој по упадот на толпата беа повредени Зоран Заев и Зијадин Села.
– Името на државата беше променето во Република Северна Македонија, откако пратениците го изгласаа пакетот уставни промени предвидени со Преспанскиот договор, со кој беше ставен крај на неколкудеценискиот спор со Грција.
– Овој собраниски состав го усвои и Законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, во пресрет на официјалниот прием на земјата како 30. членка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1