Избори: Што не смеат партиите да бараат од вас – еве кои се вашите права при избори


Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.

izbori– Повреда на слободата на определување на избирачите

Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.

– Повреда на избирачкото право

Член на избирен орган или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, со намера да му оневозможи на друг вршење на избирачко право, противзаконито не ќе го запише во избирачки список или во листа на кандидати или ќе го избрише од избирачки список или од листа на кандидати или на друг начин ќе го лиши избирачот од правото да избира, да биде избран или да гласа, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.

– Злоупотреба на избирачкото право

Тој што на избори или гласање ќе гласа наместо друг или ќе гласа повеќе од еднаш, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.

izbori livce– Поткуп при избори и гласање

Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

– Повреда на тајноста на гласањето

Тој што при избори или при гласање ќе ја повреди тајноста, ќе се казни со затвор најмалку три години. Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

-Изборна измама

Член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повсќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатиге од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

kutii izbori– Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања

Организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за потрошените средства, со пречекорување на законските ограничување на средствата дозволени за изборната кампања, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Со иста казна ќе се казни иодговорно лице во правно лице кое со непријавување на донации и други средства за финансирање на изборна кампања, со спречување на надзорот над финансирањето или помагањето на друг начин на изборна кампања, со неподнесување на финансиски извештај или со давање на лажни или непотполни податоци за дадени донации и други средства, со пречекорување на законските ограничувања на средства дозволени за изборна кампања, со обезбедување на недозволени средства за изборна кампања, со исплати спротивни на намената за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето овластување определено со закон.

Секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во постапката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа од сторување на повредата. Исто така на избирач на кого му е повредено избирачкото право   во постапката за спроведување на гласањето во странство може да поднесе приговор до Државната изборна комисија   во рок од 24 часа по брза пошта, а времето на поднесување на приговорот се смета од времето на предавањето на пратката. После примениот приговор Државната изборна комисија е должна во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука .

Приговорите се поднесуваат во писмена форма. Што треба да содржат и каде треба да ги поднесете, како и инфо за процедурите прочитајте детално на сајтот ПРАВДИКО

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1