Избран новиот состав на ДИК


Со 95 гласа Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија. За претседател е избран Александар Даштевски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и досега беше на оваа позиција во ДИК.

Од редовите на СДСМ нов мандат добија Борис Кондарко и Радица Ристеска, а член стана и поранешниот министер за правда Оливер Ристевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ за член на ДИК е избран и Бобан Стојаноски, до сега пратеник во парламентот.

Од Алијанса на Албанците член е правникот од Струга Лога.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1