Шпанката Миреија Лалагуна Ројо победи на натпреварот Мис на светот 2015 година, коешто беше одржано во Сани, Кина.
Миреија, 23-годишната раскошна русокоса, професионален модел од Барселона, е прогласена за најубава во конкуренцијата од 11 финалистки, победувајќи ги Русинката Софија Никичук и Индонежанката Марија Харфанти, кои го заземаа местото на прва, односно на втора придружничка.
Миреија има диплома од фармакологија и сака да продолжи да студира нутриционизам. Круната и ја предаде минатогодишната Мис на светот Ролен Строс од Јужноафриканската Република, а телевизискиот пренос го следеле повеќе од милијарда гледачи ширум светот.
Ова е седми пат Кина да е домаќин на изборот за најубава жена на светот, а на натпреварот учествуваа 114 убавици од целиот свет.
Оваа година Мис на светот беше проследен од интересните контроверзии околу Мис на Канада, на која и беше забрането да дојде во Кина поради нејзините ставови за злоупотребата на човековите права во оваа земја, па податоците за неа се отстранети и од интернет страната на Мис на светот.