Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани вчера пред полноќ во Собранието избрана е новата Влада на Република Северна Македонија која ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски.
Овој владин кабинет предводен од СДСМ ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.
Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби (ДУИ) – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска (СДСМ) – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ (СДСМ) – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи (СДСМ) – вицепремиерот за економски прашања.
За членови на Владата се избрани:
Оливер Спасовски (СДСМ) – министер за внатрешни работи,
Славјанка Петровска (СДСМ) – министерка за одбрана,
Никола Тупанчевски (предложен од СДСМ) – министер за правда,
Благој Бочварски (СДСМ) – министер за транспорт и врски,
Љупчо Николовски (СДСМ) – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
Јована Тренчевска (СДСМ) – министерка за труд и социјална политика
Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) – министерка за култура,
Горан Милевски (ЛДП) – министер за локална самоуправа,
Беким Сали од Алтернатива – министер за здравство,
Јетон Шаќири (ДУИ) – министер за образование и наука,
Бујар Османи (ДУИ) – министер за надворешни работи,
Фатмир Бесими (ДУИ) – министер за финансии,
Крешник Бектеши (ДУИ) – министер за економија,
Насер Нуредини (ДУИ) – министер за животна средина,
Адмирим Алити од Алтернатива, министер за информатичко општество и администрација
Џемаил Чупи од Алтернатива – министер без ресор задолжен за дијаспората.