Избушил над 2000 гуми на непрописно паркирани коли


Еден 59 годишен Французин издупчил повеќе од 2000 гуми на автомобили кои биле непрописно паркирани, или се наоѓале на местата резервирани за хендикепирани лица.

izbuseni gumiПензионерот кој својата казнена акција ја спровел во Вилербан, на истокот на Франција, е фатен на дело додека почнал да ја пробушува гумата на еден од непрописно паркираните автомобили, од полициските службеници и истиот е приведен. Полицајците кај него пронашле неколку регистарски таблички на седум возила, кои тој ден му биле на мета на неговиот напад.
Полицајците извршиле претрес во неговиот дом и пронашле 2190 регистарски таблици. Пензионерот објаснил дека неговото дело е реакција на општото отсуство на граѓанска совест. И додека судот пресудил да гневниот пензионер биде подложен на психијатриско испитување, полицијате се уште се обидува да ги лоцира сопствениците на оштетените автомобили. Малку е веројатно дека, сепак, сите ќе одговорат на полицискиот повик, со оглед на тоа дека и самите тие сториле прекршочно дело со незаконското паркирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1