Пожарот кој избувна во зграда во населбата Карпош 4 е изгаснат.
Полицијата нема информации за причината за пожарот. Сопственикот на станот е префрлен на Токсикологија.
Дел од станарите беа евакуирани.
После половина час дејствување на противпожарните екипи, пожарот што изутринава избувна во стан во скопската населба Карпош – 4 е изгаснат. Според досегашните податоци, сопственикот на станот е извлечен од објектот и е пренесен на одделенеието за токсикологија каде му се укажува лекарска помош поради вдишување чад. Неговата состојба е стабилна.
Сѐ уште нема официјални податоци за причината на пожарот, но неофицијално се шпекулира дека огнот ги предизвикала плинска боца.