Конгресот ја потврди Кејт Mари Брнс како нов амбасадор на САД во Mакедонија


Сенатот на САД ја потврди кејт Mари Брнс за нова амбасадорка во Mакедонија, објавено е на официјлната веб страна на Kонгресот.

Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Aтина, a претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

На сослушување во Сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

„Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар“, рече Брнс при претставувањето на приоритетите.

Кога новата амбасадорка ќе пристигне во Скопје се уште не е познато… Претходниот амбасадор Бејли замина во февруари, а од тогаш вршител на фунцијата е Микаела Швајцер-Блум.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1