Со 82 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та седница по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.
Инаку, како што велат од Владата, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.
Предлог законот, кој беше единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.