Автобус на српската компанија „Ниш експрес“ кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, денеска околу 12.30 часот изгоре кај Мала Копашница во Србија, пишува српски Блиц.
Пожарот избувнал додека автобусот бил на лентата за запирање на делот од автопатот меѓу Лесковац и Врање во Србија, откако возачот застанал поради дефект, а сите 26 патници биле претходно излезени и никој не е повреден.
Се’ почнало кога се запалила гума, а потоа дошло и до експлозијата.