Изгоре куќа во Велес, сираците Никола и Даринка останаа на улица


Целосно изгоре куќа во Велес во којашто живеело дваесет и двегодишно момче кое останало сирак.

Пожарот се случил во четвртокот вечерта околу 21.30 часот на улица „Коле Цветков“.pozar strumica - pozarna

Момчето било на гости кога му кажале дека му гори куќата, но не можел ништо да спаси.

Пред осум години починале неговите родители и тој останал сам во куќата. Неговата пет години помлада сестра била во Дом за деца без родители, а постарата сестра била мажена надвор од Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1