Во Полициска станица Велес ноќеска околу 02 часот било пријавено дека на улица Гемиџиска б.б. во Велес има опожарен патнички автомобил марка „мазда“ со велешки регистерски ознаки, сопственост на 33-годишниот велешанец У.Т, јави Прес 24.
Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека полициски службеници извршиле увид на лице место и оти се преземаат мерки за расветлување на настанот.
Станува збор за автомобил сопственост на Урош Ташев финансиски директор на А.Д. „Жито Вардар“ и син на генералниот директор на А.Д „Жито Вардар“ Ристо Ташев. Возилото било паркирано пред нивната семејна куќа, каде што било и запалено. Пожарот бил пријавен во Противпожарната единица Велес и го гаснеле четворица пожарникари.
Урош Ташев во изјава за медиумите рече дека не може да каже дали пожарот на неговото возило бил подметнат или самото се запалило.