Ателјето на македонскиот ликовен уметник Данчо Ордев целосно изгорело во пожар, соопштија од Друштвото на ликовните работници, каде Ордев е претседател на уметничкиот совет.
-Ве информирани дека на 19. јануари, околу 20,00 часот целосно изгоре атејето на нашиот колега, ликовен уметник Данчо Ордев, профессор на педагошки факултет во Скопје. Атејето беше лоцирано во месноста Црвена прст, Општина Сопиште. Во исто време атејето служеше и како депо за чување слики, цртежи и друг сликарски материјал. Во пожарот целосно е изгорен мебелот, внатрешната дрвена конструкција, покривот, а останати се само четирите ѕидови на објектот.
Најтрагично е тоа што во пожарот се целосно пеплосани околу 120 слики во масло, делумно во голем формат направени во изминативе 35 години од творештвото на авторот Данчо Ордев. Покрај сликите во масло, изгорени се голем број на цртежи, графики и големо количество на сликарски алат и материал за работа (готови платна, рамки, хартија, бои, пигменти, четки, каталози, книги и др.